Во спортскиот комплекс Градски базен Куманово денеска и утре ќе се одржи Зимско државно првенство во пливање, во организација на Пливачката федерација на Македонија со техничка поддршка на кумановскиот пливачки клуб „Аква“ под покровителство на општина Куманово.

Првенството, информираше раководителот на Сектор за спорт, култура и социјална заштита, Виктор Божиновски, се одржува првпат надвор од Скопје, бидејќи Куманово со овој пливачки комплекс веќе ги исполнува условите за одржување вакви манифестации.

– На првенството ќе учествуваат клубови од целата држава. Натпреварите почнуваат од 10 часот. Од Куманово ќе учествуваат три пливачки клуба. Ова е извонредна манифестација за промовирање на спортот, пред се на пливањето, изјави Божиновски.

Натпреварувачите ќе ги поздрави и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димириевски. Од општина Куманово ги поканија граѓаните да ги проследат натпреварите. Влезот ќе биде слободен.