Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, поднесе оставка на функцијата. Светските медиуми објавија дека, францускиот тренер кој пред пет дена со Реал ја освои третата последовна титула во Лигата на шампионите, решил да се повлече по состанокот што го имал со претседателот Флорентино Перез.

„Тимот мора да продолжи да победува, неопходна е промена, поинаков начин на работа. ја донесов оваа одлука бидејќи го сакам Реал и претседателот Перез кон кого чувствувам благодарност“, рекол Зидан.

Првиот човек на Реал, на вонредната прес конференција се појави заедно со Зидан.

„Ова е неочекувана одлука за сите нас. Денешниот ден е тажен за сите Мадридисти. Сакав Зидан засекогаш да остане тука. Реал секогаш ќе биде негова куќа. Благодарен сум му за се што направи за клубот“, рекол Перез.

Зидан стана тренер на Реал во јануари 2016 година и за две и пол години успеа да освои една домашна, две светски и три титули во Лигата на шампионите.