Извештајот за активностите на Jавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзанин и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за периодот од септември лани до март годинава е на дневен ред на продолжението на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Ова ќе биде трет обид на пратениците да чујат од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева што сработило ова обвинителство и со какви предизвици се соочуваат.

Образложувањето на извештајот на СЈО пред членовите на комисијата беше два пати одлагано.

Врз основа на извештајот во овој шестмесечен период СЈО завело 136 предистражни постапки, отворило седум нови истражни постапки, а целосно се одобрени 15 обвиненија. Во истиот период, СЈО отворило седум нови истражни постапки против вкупно 17 физички лица.