Традиционално, по повод 22ри Февруари – Светскиот ден на извидниците, Сојузот на извидници на Македонија организираше низа активности под тематиката „Направи добро дело“.

19те активности беа огранизирани од страна на 11 извиднички одреди, членки во Сојузот, и беа опфатени 6 градови низ државата, а финалниот настан се одржа на 24.02.2018 во Градскиот Парк (Школка) каде што се реализираа неколку забавни активности и додаден програмски дел за деца и извидници до 15 години.

Добрите дела опфаќаа различни тематики, како активности за социјална помош на лица на кои им е најпотребна, згрижување на улични кучиња, инклузија на деца со помалку можности, делење на топол оброк и пијалок, пакети со храна за социјално ранливи семејства, активности за собирање на донации, две крводарителски акции и многу други.