Денеска во посета на Република Македонија е пратеникот од Европскиот парламент, Илхан Кучук, кој доаѓа партијата „Движење за права и слободи“ од Република Бугарија и Потпретседател на АЛДЕ (Алијанската на либерали и демократи за Европа), член на групата за пријателство на Македонија и ЕУ при Европскиот Парламент.

Во рамките на посетата планирани се средби со преставници на Владата на РМ и претсавници на политички субјекти во државата.

Во придружба на г-динот Кучук се и г-динот Роман Јакиќ, Претседателот на регионалната либерална мрежа Libseen (Liberal South East European Liberals) и г-динот Гашпер Копрившек, член на бордот на АЛДЕ.