Има ли опозиција во оваа држава?
Една недела беше доволна за и онака зашеметената опозиција да ни открие дека компасот и е во џебот на Шефот Мицкоски, а тој го изгубил додека одел во вежбалната каде освен компасот, си ја заборавил и опремата за вежбање. Ова не е повеќе смешно, ова е опасно глупаво однесување.
Мицкоски пробува да не излаже дека си ја заборавил опремата и отишол да ја земе од вежбалната која не смее да работи, но тој најверојатно користел калаус за да ја отклучи вратата или можеби работела само за него. Ова е лош пример за сите останати граѓани, дека и покрај сите убедувања за тоа колку сме сите еднакви пред законите, токму Мицкоски го крши законот.
Не поминаа ни 24 часа, а новиот гаф е веќе на повидок. Мицкоски не убедува дека ургирал кај Јанша за Словенија да и додели помош на Македонија, иако повеќе од евидентно е дека помошта е испратена после официјалната коресподенција испратена преку сите наши ДКПа до државите во кои се сместени. После силни партиски интервенции и лична молба на Мицкоски тоа да биде прикажано како негова заложба (на Јанша му се стемнило од овие глупости), Јанша преку Твитер објавува дека и Мицкоски бил заслужен.
Каков опозициски дунстерај на крајно неспособната опозиција.
За да биде сликата комплетна, помеѓу овие два настана, Мицкоски излегува со изјава дека Министерството за здравство имало тестови за вирусот уште за еден ден. Нормално, веднаш е демантиран од министерот, но останува фактот дека во овие тешки моменти, ширењето на лажни вести се граничи со кривично дело и е спротивно на законот.
После се, не треба да не чудат резултатите од анкетата на НДИ.
Какво мислење треба да имаат граѓаните за опозицијата, на чие чело е лидер кој во само три дена два пати го крши законот и ја бламира државата, која се наоѓа во вонредна состојба, во која луѓе умираат, заболуваат, се борат да ја задржат работата и бизнисот.
Анкетата е одлична за рајтингот на опозицијата и дури ја преценува способноста на Мицкоски. Доколку би била реална, Димче Апасиев би имал подобар рејтинг од Мицкоски, кој најверојатно со Јанко Бачев би се борел за високото второ место.
Анкетата на НДИ не треба да биде репер за идните дејствија на Мицкоски, но мора да оди кон освестување на неговите соработници кои се подолго во таа партија, бидејќи од досега виденото, многу поголем баласт представува несмасниот и суетен лидер, одколку останатиот дел од партиското раководство.