Министерството за култура именува нови директори во шест национални установи од областа на културата.

„Министерството за култура ја известува јавноста дека по завршување на постапката по јавните конкурси, министерот за култура именуваше шест нови директори со редовен мандат во национални установи од областа на културата“, соопшти Министерството.

Катарина Илиевска-Силјановска е именувана за директорка на  Театарот за деца и младинци – Скопје, во  Центарот за култура „Асном“ -Гостивар за директор е именуван Ход Мифтари. За директор на Музејот на Македонија е именуван Гордан Николов, а во Музејот на современа уметност – Скопје, за директорка е именувана Мира Гаќина.

За директор во Музејот на Тетовскиот крај – Тетово именуван е Миќо Стојчески,  а за директор во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“’- Куманово, за директор е именуван Сашо Тодоровски.

Со овие национални установи досега раководеа вршители на должноста на оваа функција.