Интерпол предупредува: Измамници создаваат лажни онлајн продавници за продажба на заштитни маски

100

Предупредување од Интерпол: Појава на лажни онлајн продавници за продажба на заштитни маски

Интерпол извести дека се забележани 30 случаи на измама, поврзани со коронавирусот во Азија и во Европа, што резултирало со блокирање на 18 банкарски сметки и замрзнување на повеќе од 730.000 американски долари во банкарски трансакции.

Интерпол ги предупреди националните полициски служби и луѓето во светот за опасноста од измами во врска со епидемијата на коронавирусот.

Според меѓународната организација за криминалистичка полиција, измамници создаваат лажни онлајн продавници за продажба на заштитни маски и други медицински производи.

– Финансиските загуби достигнуваат стотици илјади долари во само еден пријавен случај. Станува збор за меѓународни криминали, -наведува Интерпол.

Измамниците користат најразлични методи на измама, од јавувања во кои ги информираат граѓаните за можностите и услугите кои ги нудат, па преку нудење на лажни здравствени услуги па се до користење на лажни банкарски трансакциски сметки и лажни сајтови за продажба на маски.