Во Прилеп денеска ќе се одржи инфо сесија за земјоделски оператори кои сакаат да добијат повеќе информации околу начинот на одгледување, поддршката и пласманот на органските производи.

Како да се сертифицирам за органско производство, семиња, заштита и советодавни услуги, трошоци на органското производство икКои се потребите на пазарот за свежи органски производи, се темите на кои ќе зборуваат домашни и странски експерти, а ќе учествуваат земјоделци од прилепскиот регион и откупувачи.

Предвидени се и индивидуални средби со трговци за свежи органски прозводи и со производители за семенски материјали и заштитни средства.

Сесијата ја организира швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).