Францускиот нафтен гигант „Тотал“ има два месеца да биде изземен од американскиот санкции кон Иран, откако Вашингтон се повлече од меѓународниот нуклеарен договор, изјавил иранскиот министер за нафта, Бијан Занганех, пишува „Ројтерс“.

Занганех рекол дека доколу „Тотал“ не успее во ова, тогаш кинеската државна компанија ЦНПЦ би можела да го преземе уделот на „Тотал“ во проектот за гас Јужен Парс, зголемувајќи го учеството од 30 на повеќе од 80 проценти.

САД кон средината на месецот најавија дека повторно ќе воведат санкции против Иран, откако го напуштија договорот од 2015 година. „Тотал има 60 дена за да преговара со американската влада“, рекол Занганех додавајќи дека француската влада сега треба да лобира кај Вашингтон во име на француската компанија.