Не престануваат скандалите и хаосот во “Домот 25-ти мај” во Скопје, иако министерката Мила Царовска најави справување со наталожените проблеми.

По застрашувачките податоци за силување и бременост кај малолетни лица,која пред два месеца ја дигна јавноста на нозе, при што беа обвинети неколку лица за негрижата за децата кои им се доверени на чување вчера полицијата информираше дека повторно од домот исчезнале малолетници.

Според полицијата завчера во 15:00 часот во Полициската станица Чаир, социјална работничка во домот „25-ти Мај“ пријавила дека претходниот ден во 08:30 часот во непознат правец се оддалечиле тројца штитеници на домот,

Исчезнатите деца се на возраст од 18, 13 и 15 години.

Полицијата вели дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.