Јавно, во интервју на Канал 5 телвизија Христијан Мицкоски кажа дека е за коалиција на ДПМНЕ со Левица, ова е директна потврда на Мицкоски на она она што го говориме цело време и директно поврзано со коалицијата на ДПМНЕ и Левица, изјави Дарко Каевски од СДСМ.

-И покрај тоа што Левица е анти-ЕУ и анти-НАТО партија Мицкоски вели “никогаш не треба да се вели никогаш”. А за вредностите ќе седнел на маса и ќе преговара. За кои вредности ќе преговара Мицкоски за брак со Левица? За проруските вредности на Левица? Против НАТО ли ќе преговара Мицкоски? Или за потпалувачката анти-ЕУ реторика? Паднаа сите маски на ДПМНЕ – рече Каевски.