Неодговорното однесување на Христијан Мицкоски во изминатите 2,5 годни се потврди и за време на најголемата пандемија со коронавирусот, изјави на прес-конференција, Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени СДСМ

Таа обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, неоснована паника, а во медиумите се појавија видео снимки и фотографии кои покажуваат дека е крајно неодговорен и работи против здравјето на граѓаните.

„Теретани, фитнес центри, прошетки на Водно, тоа е фокусот на Мицкоски. Наместо да помогне, Мицкоски одмага, шири лажни вести, дава негативен пример и поттикнува непочитување на мерките за заштита на најскапоценото, здравјето на граѓаните. По објавената снимка од теретана, односно фитнес центар се поставуваат и други прашања. Во кое својство, припадници на специјалната полиција го придружуваат Мицкоски во фитнес центар? Дали наместо на располагање на граѓаните, Чулев и неговите кадри во МВР се ставени на располагање на Мицкоски?“, праша Калеска -Ванчева.