Членовите на Судскиот совет на предлог на претседателот Зоран Караџовски ја исклучија јавноста кога ќе се расправа за извештајот за АКМИС-от со местење предмети. Според Караџовски, со тоа ќе се зачувал интегритетот на судиите, бидејќи ќе се споменувале со име и презиме.

Влатко Самарџиски, пак, како член на Советот, предложи точката да биде јавна, но неговиот предлог не помина. Тој исткана дека Извештајот за АКМИС-от е декласифициран и како таков ѝ е познат на јавноста.

Владе Богдановски рече дека темата била чувствителна и затоа јавноста треба да биде исклучена.