Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со новиот претставник на Европската банка за обнова и развој во Република Северна Македонија, Фатих Туркменоглу.

“Европската банка за обнова и развој е клучен партнер на Република Северна Македонија во реализација на капиталните проекти со кои се забрзува економскиот развој на земјата на патот кон ЕУ.

На денешниот работен состанок со новиот претставник на Европската банка за обнова и развој во Република Северна Македонија, Фатих Туркменоглу, му посакав успех во новите работни предизвици.

Изразив уверување дека и понатаму ќе продолжи континуираната поддршка од ЕБОР во насока на обезбедување просперитетна, европска иднина за нашата држава.

Со поддршка од ЕБОР, ја модернизираме патната инфраструктура, се поврзуваме со земјите од регионот, а преку зелениот развој ја стабилизираме економијата и овозможуваме долгорочна одржливост на енергетскиот пазар.” рече Ковачевски.

Го подобруваме имиџот на Република Северна Македонија како земја со поволен деловен амбиент за нови странски инвестиции, нови бизниси и нови работни места.