Првиот човек на партијата, Димитар Ковачевски во интервју за државната МИА вели дека меѓу можните кандидати има повеќе звучни имиња.

-СДСМ навистина располага со еден голем кадровски потенцијал. Затоа и беа предложени поголем број на кандидати. Меѓу кои е и актуелниот претседател Пендаровски, меѓутоа и бивши претседатели на партијата, бивши претседатели на државата, бивши секретари на партијата и видни истакнати членови на нашата заедница, како поранешни истакнати судии коишто сите се луѓе кои навистина заслужуваат почит, рече Ковачевски.

Доскорешниот премиер вели дека нивниот кандидат ќе биде човек кој дели европски вредности и кој ќе се залага за заокружување на процесот на европска интеграција на државата до 2030 година.

Иако имаше пофали зборови за Пендаровски, за кого вели дека одлично ја извршувал својата функција, Ковачевски не сакаше да каже кој точно би можел да биде кандидат за претседател на државата.

-Ги застапуваше вредностите кои ги споделува нашата партија, вредностите кои ја споделуваат нашата коалиција, рече Ковачевски.