Денеска, во салата на Даре Џамбаз, се одржа трибина со граѓани кои се жртви на предолги судски постапки, кои што траат по повеже од 10 или 15 години.
Настанот беше во рамките на проектот “Судењето во разумен рок е ПРАВО а не привилегија – ајде да го почитуваме!“, кој што е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија.

На настанот присуствуваа граѓани, Експерти, Адвокати, и Н.Е Амбасадорот на Кралството Холандија. На настанот беше реферирано дека со финансиска подршка од амбасадата, преку Зелена лупа, со договори за стратешко застапување беа поднесени 50 барања за судење за разумен рок, до Врховниот суд на РМ.

Поднесените барања се однесуваат на различни видови на судски постапки:
– 22 барања за предмети поврзани со стечајни постапки;
– 9 барања за управни постапки;
– 3 барања за работни спорови;
– 3 барања за парнични постапки;
– 13 барања за кривични постапки;

Беше заклучено дека:
1. Врховниот суд на РМ, не одговара навремено на поднесените барања, не само за поднесените 50 барања преку Зелена лупа, туку и за останати 150 предмети, кои се под мониторинг од страна на Граѓанската организација.
2. Врховниот суд нема критериуми и методологија при одлучувањата за поднесените барања за судење во разумен рок. Одлуките се неконзистентни и контрадикторни. За исти случај, на еден граѓанин досудува еден износ на штета а на друг граѓанин досудива сосема друга сума за обесштетување. Имаме и случаи каде за еден исти предмет судот прифаќа поднесено барање за судење во разумен рок и досудува штета за еден граѓанин, а за истиот предмет судот го одбива барањето поднесено од друг граѓанин а за истиот основ.
3. Врховен суд многу ретко дава задолжувања со временски рокови кон судиите од пониските судови – со цел решавање на предметите.
4. Врховниот суд воопшто не врши мониторинг на понатамошниот тек на предметите за кои веќе досудил штети за предолги судски постапки, и каде што дал временски рокови за решавање на истите.
5. Врховниот суд не побарал одговорност од ниту еден судија за направените штети заради предолгите постапки, дури и во случаите каде што државата плаќа оштети, судиите се незасегнати.
6. Врховниот суд досега не поднел ниту една информација или иницијатива за одгтоворност на судија до Судски совет на РМ.
Одовде, генералниот заклучок е дека главниот виновник за невладеењето на правото во делот на предолгите судски постапки е токму врховниот суд на РМ.
По завршувањето на сите анализи, и после јавната дебата која што ќе се одржи после 15-ти јуни, Зелена лупа ќе поднесе иницијативи за одговорност за Претседателот на Врховен суд, и останатите инволвирани судии, до Судскиот совет на РМ.

Судењето во разумен рок е ПРАВО, а не привилегија!
Судењето во разумен рок мора да се почитува!