На автопатот “Пријателство” некаде пред втората патарина бевме сведоци на лудачко возење од страна на шоферот на возилото на фотографијата.

Имено поради неприлагодена брзина од приколицата на возилото испаднаа греди кои што за среќа не завршија во нашето возило кое се движеше позади него.

Иако се обидовме со звучна и светлечка сигнализација да му дадеме сигнал дека нешто не е во ред, шоферот мирно си продолжи да го управува возилото додека разговараше на својот мобилен телефон.

И покрај тоа што Сообраќајната полиција е се почесто на автопатите и по улиците, дрскоста на некои возачи како во овој случај оди до крајност да не помислат дека предизвикуваат опасност кон останатите учесници во сообраќајот.