![hari magan 2](https://revolucioner.press/wp-content/uploads/2018/05/hari-magan-2-696x522.jpg)
Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Маган Маркл по нивната свадба што се одржа во саботата, 19 мај. На една од фотографиите освен младата двојка се и останатите членови на семејствата, што претставува прва заедничка фотографија од новото кралско семејство.
На една фотографија принцот Хари и Меган се претставени во романтична поза, седнати на скали, а на третата фотографија војвотката од Сасекс позира со нејзиниот сопруг и малите деверуши и девери, меѓу кои се и децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, принцезата Шарлот и принцот Џорџ. Групните фотографии се направени во Зелената соба во замокот Виндзор.
Фотографиите се дело на Алекси Лубомирски.