Петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо изминатата ноќ го одигра својот натпревар број 900 во својата професионална кариера.

Ѕвездата на Реал Мадрид го прослави својот јубилеј со одлични перформанси откако беше најзаслужен за пресвртот на Португалија над Египет со 2:1, со голови во 93-тата и 96-тата минута. На овој начин, напаѓачот веќе има 647 гола во кариерата.

Најмногу натпревари Кристијано има за Реал – 429, следат Манчестер Јунајтед (292), Португалија (148) и Спортинг Лисабон (31).

Роналдо е прв стрелец во историјата на „кралскиот“ клуб со 443 гола, додека за репрезентацијата има 81.

Од почетокот на 2018 година, ѕвездата има 23 гола за Реал и Португалија во 14 натпревари, плус 4 асистенции.