Европската Унија нема да биде целосна, ниту обединета без така важен регион каков што е Западениот Балкан, изјави претседателот на комитетот на Европскиот парламент за соработка со Србија, Едуард Кукан.

„Мораме да бидеме одговорни кон нашите пријатели од Западниот Балкан. Ако од една земја кандидат бараме да ги исполни условите, тогаш и ние треба да ги одржиме нашите ветувања “ , изјави Кукан за српските медиуми.

Според него, ставот на францускиот претседател Емануел Макрон да нема прием на нови членки во ЕУ се додека таа не се реформира, претставува само еден од гласовите во Унијата.