Христијан Мицкоски како единствен на браникот на криминалот, очаен, поразен шест пати, од граѓаните, упорно продолжува со своите лаги, зошто едноставно, толку може, велат од СДСМ, во соопштение за јавност-реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски.

Се` што кажа Мицкоски, излажа.

Дека фб профилот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ е извор на лажни вести потврди и меѓународна студија на ЕУ, но за Мицкоски тоа не е лекција од која учи.

Вистината е дека  ВМРО-ДПМНЕ е рекордер по објавување на лажни вести и дезинформации.

Во 2020 нашата држава стана земја членка на НАТО и ја зголемивме безбедноста во земјата и регионот.

Со Владата на чело со премиерот Зоран Заев,  просечната плата се зголеми на  27 899 денари – октомври 2020  од 22 808 денари – јуни 2017.

Платата се покачи за 5.091 денари, а за истиот период претходно, беше покачена за само 1.867 денари.

Невработеноста се намали за 6.1%  за три години , од 22,6 – втор квартал 2017 до 16,5- трет квартал 2020.

Во криза од пандемија невработеноста се намали од 16.7 втор квартал 2020 на 16,5 трет квартал 2020.

За само две години во периодот 2018-2019, пред ковид-пандемијата, имаше 967 милиони евра директни инвестиции, речиси двојно повеќе од претходните две години.

Стапката на сиромаштија со Владата предводена од СДСМ се намали од 22.2 во 2017 на 21.6 во 2019.

Го намаливме и коефициентот Џини, на нерамномерна распределба на приходите од 32.5 во 2017 на 30.7 во 2019.

Значително е намалено и аерозагадувањето кое беше главен проблем пред четири години.

Факт е дека слободата се зголемува.

Мицкоски го цитира Freedom House, а заборава да каже дека Македонија стана хибриден режим во времето на неговиот шеф , бегалецот Никола Груевски.

Во периодот од 2005 до 2016 година, Македонија беше со најголемо назадување од земјите на Балканот.

Вкупниот резултат за индексот на слобода за 2019 (63) е подобар од 2016 (57). И на индексот на Слобода на Печатот на „Репортери без граници“ има подобрување од 118 место (2016) на 92 место (2020)

Тоа се фактите кои Мицкоски не може да ги побие.

Ја зголемивме транспарентноста на министерствата од 44% во 2016 на 77.1% во 2020, според Индекс на активна транспарентност и Центар за граѓански комуникации.

За покажаното лидерство и придонес во унапредувањето на човековите права и мирот, лидерите на Европа му оддадоа признание на премиерот Заев по врачувањето на наградата за човекови права во Берлин и Хесенската награда за мир. Мицкоски, кој го прогласи позитивниот извештај на ЕУ во 2020 за „лажни вести“, беше меѓународно признат само како извор на лажни вести.

Затоа, за жал, остануваме рекордери по бројот на лажни вести и дезинформации кои извираат од опозицијата.

Истите кои го потценуваа вирусот и претходно лажно тврдеа дека сме имале најголема смртност во светот поради пандемијата, сега тврдат нешто друго. А забораваат да споменат дека имаме помала смртност од далеку поразвиени земји како Белгија, Италија и Словенија.

Лагите на Мицкоски не поминуваат. Тој толку може и токму затоа уште долго останува во опозиција.