Регулаторите во земјава мизерно потфрлија, рече на денешниот завршен настан од мониторингот врз АЕК и АВМУ, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Тој говореше дека членови на советот на Агенцијата и на комисијата на АЕК и на програмскиот совет на МРТВ, се поранешни партиски функционери и се во роднински врски. „Имаме разни видови конфликт на интереси. Затоа влеговме во процес независни професионалци, експерти да бидат членови на овие тела. Ние политичарите и политичките партии да ги тргнеме рацете од независните регулаторни тела“, реле Манчевски.

„Процесот на избор на кандидати за кое било од регулаторните тела ќе биде јавен и транспарентен. Граѓаните ќе знаат пред да се изврши изборот кои се кандидатите, а не отпосле“, изјави Манчевски. Тој говореше дека во процедурата на избор ќе бидат вклучени сите со надзорна расправа во Сорбанието.