Легендарниот аргентински фудбалер Армандо Диего Марадона ги сподели своите размислувања за фаворити на Светското фудбалско првенство 2018 година, што ќе се одржи во Русија во текот на летото.

– Франција има одлична репрезентација со добри играчи како Погба, но јас не мислам дека е фаворит за трофејот. Ќе беше подобра ако во составот беше и Рибери. Според мене Германија и Шпанија се први фаворити за трофејот на Светското првенство, изјави Марадона за француските медиуми.

Во групната фаза од Мундијалот, Шпанија ќе игра во Б-групата со Португалија, Иран и Мароко, додека Германија е во Ф-групата со Јужна Кореја, Шведска и Мексико.

Мундијалот во Русија ќе се игра од 14 јуни до 15 јули.