Додека фудбалерите и фановите на Реал Мадрид го слават 16-то финале на „кралскиот“ клуб во Лигата на шампионите, приврзаниците на Баерн Минхен„плукаат“ по турскиот арбитар Чакир, кој на синоќешниот меч на „Сантијаго Бернабеу“ можеше да досуди два пенали за германскиот шампион.

Дефинитивно поочигледен беше оној на Марсело, кога со рака го спречи центаршутот на Кимих, а по мечот Бразилецот призна дека играл со рака и дека Баерн требало да добие пенал по таа ситуација.

„Да, реагирав со рака. Ме удри топката в рака и мислам дека беше пенал. Ако кажам не, ќе излажам. Но, фудбалот е таков. Не зборувам за судиите, но јасно е дека понекогаш ќе се згреши на наша штета, некогаш на туѓа штета… Било што било, фудбалот мора да продолжи да се игра“, рече Марсело.

Претходно, најстрога казна за Баварците не беше досудена откако Серхио Рамос стартуваше врз Левандовски.