Неколку маскирани напаѓачи започнаа пукотници со „калашников“ во Марсеј, на југот од Франција, околу 17 часот. Според првичните информации, едно лице е повредено.

Напаѓачите отвориле оган од три возила врз група млади луѓе што се наоѓале во близина на култниот центар „Лабусеран“, јавија локалните медиуми. Дошло и до размена на оган со припадниците на полицијата, која го блокирала тој дел од градот.

Француските едиумите наведуваат дека станува збор за тројца напаѓачи.