Аргентинската мегаѕвезда на Барселона, Лионел Меси беше исклучително среќен од освојување на титулата во Примера пред крајот на сезоната по победата со 4:2 синоќа над Депортиво Ла Коруња како гостин.

– Бевме подобри од другите ривали во текот на сезоната. Ја освоивме титулата без загубен натпревар, не само во Примера, туку и за Купот и Лигата на Шампионите, каде што дозволивме еден пораз во Рим, но тој дојде неочекувано, изјави Аргентинецот по мечот.

Тој, сепак, изрази жалење дека каталонскиот тим не успеал да го испрати Андрес Иниеста со три титули, како што тоа се случи при повлекувањето на Чави Ернандез.

– Многу ми е жал за Иниеста, како и кога си заминаа играчи како Чави, Маскерано… симболи на клубот. Жал ми е што тој не си заминува впечатлив начин, со „требл“ како чави. Му посакувам се најдобро во иднина, додаде Меси.