Според британската премиерка Тереза ​​Меј и американскиот претседател Доналд Трамп сирискиот режим и Русија ја носат главната одговорност за човечкото страдање во Источна Гута, велат од канцеларијата на Меј.

Двајцата лидери во телефонскиот разговор денеска, покрај другото, дискутирале и за ужасната хуманитарна ситуација во Источна Гута, која ја окарактеризираа како хуманитарна катастрофа.

Меј изразила длабока загриженост од намерите на Трамп да наметне царина за увозот на челик и алуминиум, како и од неговите закани за трговска војна со ЕУ, ако Брисел ги зголеми царините за американски стоки како одговор на неговите планови за оданочување на увозот на челик и алуминиум .

Според неа, мултилатералните активности се единствениот начин за решавање на проблемот на начин кој ќе биде во интерес на сите засегнати страни.