Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано, кој во кариерата играл за Интер и Милан, рекол дека реваншот во Купот против Јувентус има исклучителна важност за екипата на Антонио Конте.

Јувентус вечерва ќе го пречека Интер во полуфиналниот реванш. Првиот натпревар, одигран минатата недела, им припадна на фудбалерите на Јувентус (2:1).

„Интер во летниот преоден рок му ги донесе сите играчи на Конте кои тој ги побара, едноставно тие мора да го победат Јувентус. Елиминирани се од европските натпреварувања и сезоната без трофеј во Италија ќе биде катастрофа“, рекол Касано. „Милан изгради тим за 1,5 милиони евра и има неверојатна сезона. Ако Милан ја освоити тулата за Интер, тоа ќе биде трагедија“.