На денешната седница Владата го именуваше Миле Сугарев за в.д. генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија кој доаѓа од позицијата директор на Секторот за финансиски прашања на ФЗОРСМ.

Ова следува откако претходниот директор на Фондот, Ден Дончев си поднесе неотповиклива оставка поради, како што наведе, семејни причини.