Актуелната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска и предводникот на стечајците Лилјана Георгиевска се појавуваат по вториот дел на документарниот филм “Тежината на синџирите” на режисерот Борис Малагурски.

Филмот е снимен во 2014 година и ја обработува политичката и економската ситуација од земјите во поранешна Југославија. На 20 ноември 2014 година филмот премиерно беше прикажан во Јоханезбург во рамките на фиилмскиот фестивал. Во продолжение погледнете ги изјавите на Царовска и Георгиевска во документарецот “Тежината на синџирите 2”.