По објавата на медиумите дека министерот за кутура Алаѓозовски потрошил 9.000 евра од државна сметка, денес тој на својот пропфил демантира.

“Демантирам дека сум потрошил 9 000 евра по кафеани. Непрецизно е пренесена сметката од бифето на Министерството, од околу 430 000 денари. Тоа се трошоци од вода и кафе, за сите што не се вработени, а дошле како гости, како членови на комисии, тела, работни групи, амбасадори, синдикати, граѓани, уметници. Тие се формално фактурирани на име на министерот”