Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во присуство на Премиерот, Зоран Заев на денешната централна прослава на Денот на полицијата во Штип додели  признание за посебен придонес и заложба во работењето на четворица професионалци кои поголемиот дел од животот го посветиле во Министерството за внатрешни работи.

Одликувани со признание за посебен придонес и заложба во работењето се: Саше Тасевски, Аце Ангелевски, Љупчо Јаневиќ и Дилавер Ајдини.

Тасевски, Ангеловски и Јаневиќ беа полицајците кои што на 27 април минатата година при немирите во Собранието успеаа да ги запрат разулавените орди чија задача беше да го ликвидираат лидерот на СДСМ, Зоран Заев.