Пред пет дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одржа прес конференција на показната вежба која се одржа на Плоштад Македонија, во организација на СВР Скопје и Црвениот крст на Град Скопје, со поддршка на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија.

Со вчерашното апсење на сопственикот на “Соравија” на кој во возилото му беа пронајдени пиротехнички материјали, Спасовски уште еднаш покажа неселективност во борбата против кримималот.

„Министерството за внатрешни работи, во рамките на своите надлежности, само минатата година има запленето 86.639 парчиња пиротехника, а оваа година заклучно со ноември имаше околу 21.000 парчиња, а само во последниве 10-тина дека се запленети околу 40 илјади најразлични пиротехнички средства и таа бројка уште ќе се зголемува. Овие активности на Министерството за внатрешни работи се континуирани, со засилена динамика пред и околу празниците, имајќи го предвид сезонскиот предзнак на пиротехниката, сѐ со цел да ја зголемиме свесноста кај младите, но и кај нивните родители, укажувајќи дека петардите не се играчки, туку опасни средства кои можат да нанесат ненадоместливи и трајни последици по здравјето на младите“, истакна министерот Спасовски на показната вежба.