Мицкоски повика Македонците од Албанија на парламентарните избори да гласаат за Панди Јани

7

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повикува Македонците од Албанија во недела на парламентарните избори таму, да гласаат за кандидатот за пратеник од Пустец, Панди Јани.

Тој вели дека Македонците што живеат во Албанија имаат можност да одлучат за својата иднина.

„Ги повикувам масовно да излезат на гласање и да направат избор за подобра иднина, за економски просперитет и почитување на националните права на Македонците. Браќа и сестри Македонци, на овие избори, партијата ЛСИ на Моника Круеманди за изборната единица во регионот Корча на својата листа го има Панди Јани од Пустец како кандидат за пратеник. Убеден сум дека Панди Јани, кој е млад и перспективен политичар со добра иднина, најдобро ќе ги застапува интересите на Македонците во Албанија. Панди Јани е одличен избор за сите Македонци, бидејќи партијата ЛСИ со својата програма, но и со делата што ги покажа во минатото за македонската заедница е најдобриот избор. ЛСИ и нејзините први луѓе секогаш се залагале за Македонците, затоа ги повикувам на овие избори да гласаат за ЛСИ во изборната единица во регионот на Корча“, напипа Мицкоски на Фејсбук.