Младите луѓе чувствуваат притисок поголем од кога и да било, а има повеќе причини. Според истражувањето на LinkedIn, младите луше премногу значење му придаваат на пронаоѓањето кариера од „соништата“, а дополнителен стрес им предизвикуваат социјалните мрежи кои ги тераат да го споредуваат својот успех со успехот на другите.

Во истражувањето се наведува дека две третини од лицата на возраст од 25 до 33 години се повеќе анксиозни поради кариерата отколку заради приватниот живот.

Близу 80 отсто од учесниците во анкетата велат дека чувствуваат притисок да станат успешни пред 30 година, а 29 отсто велат дека чувствуваат дека губат време работејќи погрешни работи.Едно од четири лица веќе прекинале со работа поради преголем стрес.

Учесниците велат и дека имаат премногу избор па не можат лесно да се одлучат за својата работа од соништата.

Како што наведуваат лидерите на студијата, младите луше се анксиозни поради своите кариери затоа што се во неизвесно окружување и дека секогаш се плашат дека со изборот на една ќе пропуштат некоја друга понуда во животот.

Стручњаците советуваа овие лица да разговараат со други лупе, експерти и да побараат совет кога е тоа потребно за да си олеснат.