Изминативе неколку денови, локалниот клуб на СДММ Гази Баба спроведе серија активности во кои се делеа заштитни маски на граѓаните.
Беа поделени повеќе од 2500 заштитни маски на повеќе локации на територијата на општина Гази Баба, во населените места М. А. Ченто, Автокоманда, Стајковци.
На овој начин младите од овој локален клуб континуирано дејствуваат во заштита на јавното здравје и ја испраќаат пораката за одговорно однесување и почитување на превентивните мерки а заштита на секој граѓанин.
Активностите од овој тип, кои се поддржани и од општинската организација на СДСМ Гази Баба, ќе продолжат да се реализираат и во наредниот период.