Дваесет и осумгодишен штипјанец пријавил во полиција дека додека точел гориво на бензинската пумпа, непознато лице му го одзело возилото.

Сторителот користејќи згодна пригода, со клучот што бил на бравата, го стартувал возилото и побегнал. По речиси 30 минути на местото наречено Ѓубриште во Велес, од страна на полициски службници од Д.Т.(41) од Радовиш е одземено возилото и му е вратено на пријавителот. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.