Една од мерките со кои сакаме да влијаеме на свеста на учесниците во сообраќајот е изработката на мапа на црни точки, односно места каде во 2020 година најчесто се случувале сообраќајни незгоди со тешки последици.

Апелирам до вас, претставниците на медиумите, да ја споделите оваа мапа со јавноста и да ги информираме граѓаните за да бидат внимателни на овие места, а полицијата ќе има континуирани засилени контроли на овие т.н. црни точки и на тој начин да придонесеме да се намали бројот на сообраќајни незгоди.