Зора Кок (63) од селото близу Сремска Митовица, уапсена е откако во подрумот на нејзината куќа била откриена лабораторија за одгледување марихуана во вештачки услови. Полицијата била шокирана од огромниот број на садници. Во акција биле запленети 245 билки марихуана и околу 800 грама сува марихуана поготовена за продажба.

Интересно е тоа што Зора заедно со сопругот Геритом (77) биле уапсени во 2012 во акцијата “Морава” каде во нивната куќа повторно било откриена лабораторија за марихуана, но тогаш таа не била уапсена затоа што сопругот ја преземал вината. Како што велат изворите, утрината кога полицијата ја отркила марихуаната сокриена во саксии и ормани, бабата молчела и одбивала соработка. Инспекторите биле шокирани кога се упатиле кон подрумот, кога во две преградени простории биле пронајдени повеќе од 200 стебленца марихуана во разни величини. Кога бабата сфатила дека веќе нема како да се одбрани бидејќи и биле ставени лисици, започнала да се правда велејќи дека одгледува марихуана од мака. Полицијата утвдрдила дека бабата земала 500 евра пензија, а исто така имала и соработници во овој бизнис.

Според спроведеното истражување, Зора со години живеела во Холандија заедно со сопругот и се претпоставува дека знаењето за одгледување марихуана го стекнала во таа земја. Соседите на Зора велат дека откако сопругот ја одлежал казната, поради болест заминал во Холандија и требало да се врати дома за околу еден месец. Но, таа веќе некое време живеела сама и капијата и била постојано закучена.