Во понеделникот, во 14.30 часот во село Долна Матка, скопско, во близина на автобуска постојка кај ХЕЦ „Матка“ каде што се вршеле градежни работи, работниците И.М. (24) и Ш.Н. (33), двајцата од село Цветово, скопско, биле физички нападнати од две непознати лица кои биле со патничко возило „Голф 5“ со скопски регистарски ознаки.

И.М. и Ш.Н. им кажале на лицата во возилото да почекаат малку да завршат со работа па да поминат со возилото, но тие излегле од возилото и физички ги нападнале.
Повредените работници биле префрлени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Кај И.М. биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување, а Ш.Н. бил задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.