Аукциската куќа Сотби денеска организира аукција на посебно блексави и вредни дијаманти.

Посебно убав е сивосиниот дијамант „Синиот Фарнезе“ од 6,16 карати, кој ѝ припаѓал на шпанската принцеза Елизабета Фарнезе (1692-1766).

Даниела Маскети, специјалист за накит во Сотби, објаснува:

„Таа била жена на шпанскиот крал Филип Петти. Во тоа време државата сакала да ѝ даде подарок за свадбата.“

По нејзината смрт накитот е пренесен на други и се шетал низ многу кралски куќи од Франција до Италија. Кој сака да го поседува „Синиот Фарнезе“ ќе мора да плати од 2,9 до 4,2 милиони евра.

Двата бели дијаманти кои денеска ќе бидат исто така на аукција се со вкупна вредност од околу 12,5 милиони евра.

Тие се вбројуваат меѓу најголемите и најчистите од својот вид, а имаат над 50 карати.