На 27 мај на 1000 годишнината од Охридската Архиепископија ќе се одржи студентски собир во Охрид во 19.30 часот поради најавите за промена на уставното име. „Ние имаме човеково право на име и идентитет и никој нема право насилно да не присили и принуди да го сменат нашето име и идентитет. Поради најавите за промена на нашето уставно име најавуваме и огромен сенароден и непартиски протест кој ќе се оддржи на 23 јуни во 19 часот во Скопје пред Собранието“, најавуваат организаторите на собирите на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Големиот сенароден протест на 23 јуни е поддржан од 47 здруженија, кои помагаат финансиски или на други начини. Од страна на Македонските здруженија во Австралија за протестот ќе бидат обезбедени и 200 автобуси за бесплатен транспорт од внатрешноста.
„Протестот е организиран од студентите и младите и нема да дозволиме некој насилно да го промени нашето име и да ја уништи нашата иднина. Никој нема право да не понижива и насилно да ја продава нашето достоинство и нашата душа. Ние сакаме да живееме во држава Македонија, а не во држава со сменето име. Ние сакаме подобра иднина во оваа држава, а не да не се иселиме и Македонија да стане држава со иселена младина од типот на Романија и Бугарија. Ние сакаме да останеме да живееме во оваа држава, а не насилна промена на нашето име и идентитет. Државата останува на младите и токму затоа младите се тие кои треба да одлучат за иднината на Македонија“, се вели во повикот на протест.
Големиот сенароден протест е поддржан од следниве здруженија: Австралиско Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП), Македонската кординативна мрежа СУМ (Став, Нашите, Христијанско Братство, Тврдокорни, Македонски Манифест, Преродба, Код, “Ние“, МПО-“Васил Чакаларов“, Бригада, МОС-Македонски Обединети Сили, МПЗ- “Пере Тошев“, Граганска Иницијатива “Вевчани“, Граѓански иницијативи за одбрана на името и идентитетот : Охрид, Битола, Велес, Кочани, Штип, Кавадарци, Мислешево), Граѓанската иницијатива “Македонија пред се”, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (од Канада), Macedonian Community of Adelaide & South Australia MCASA, Macedonian Community of Western Australia MCWA; Macedonian Orthodox Church Sveta Petka Rockdale; Macedonian Orthodox Community of Australia MOCA; Macedonian Orthodox Community of Melbourne & Victoria MOCVM; Macedonian Orthodox Church Sveta Nedela Gold Coast; Macedonian Orthodox Church Uspenie Na Preseveta Bogorodica Sydenham; Macedonian Orthodox Community of Wollonong; Macedonian Orthodox Community of Newcastle; World Macedonian Congress Australia WMC; World Macedonian Congress Canada; MPZ Andon Lazov Janev – Kjoseto Canada; United Macedonians – Canada; Macedonian Orthodox Church Sveta Bogorodica Brisbane.; United Macedonian Organisations of Western Australia и Граѓанската иницијатива “Македонија пред се” од Охрид.
Студентите нагласуваат дека протестот е исклучиво непартиски и дека зад него не стои ниту една политичка партија.