Новиот Стемфорд Бриџ можеби и нема да го дочека светлото на денот откако Абрамович ја стопираше изградбата по одбивањето на Велика Британија да му ја продолжи визата.

Новиот стадион на Челси требаше да има 60.000 седишта и да чини една милијарда фунти, но барем засега неговата изградба е стопирана.
Абрамович не сака да инвестира во голем проект во земја каде што не му е дозволено да живее.
Пред неколку недели му истече визата на Абрамович која не му беше продолжена.
Одложувањето на нова виза доаѓа по дипломатските тензии меѓу Лондон и Москва откако беше отруен поранешниот руски шпиун Сергек Скрипал во Салсбјури.