Полицијата ги испитува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара, во рамки на корупциски скандал, во кој е вклучен и израелски телекомуникациски гигант. Брачната двојка за прв пат ќе се соочи со изјавата на поранешниот соработник на Нетанјаху, Нир Хефец, кој прифатил да биде државен сведок и да сведочи против него, јавуваат израелските медиуми.
Бенјамин и Сара Нетанјаху ги испитуваат симултано, него во премиерската резиденција во Ерусалим, а неа во седиштето на специјалната полициска единица Лахав 433.
Двајца доверители на Нетанјаху беа уапсени под сомнение за промовирање на регулација на прописи во вредност од стотици милиони долари на израелскиот телеком гигант „Безек“, како возврат за поволните информации за Нетанјаху и неговото семејство, објавувани на популарната веб-страница „Вала“, која ѝ припаѓа на телекомуникациската компанија.