Ја разбирам нервозата во СДСМ и фактот што ситуацијата им бега од контрола, но не ја разбирам потребата да лажат, натсихронизираат и додаваат. Тоа што така бурно реагираат значи само едно, дека сме погодиле во центарот, реагира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на соопштението на СДСМ во кое е наведено дека ООН јавно ги демантирале лажните вести на Николовски и ВМРО-ДПМНЕ, кои бесрамно, крајно неодговорно, ги ширеле среде најголемата глобална пандемија со коронавирусот.

„А каква е вистината: во написот на социјалните мрежи на локалната канцеларија ООН во Скопје никаде не стои името на ВМРО ДПМНЕ ниту моето име, а речиси секаде низ медиумите под контрола на власта ќе прочитате наслов-ООН го демантираше Николоски. Тоа е нивното разбирање на слободата, но не и на останатиот демократски свет.
А еве каква е вистината, мерките не се доволно рестриктивни, тоа не го кажуваме ние, тоа го кажуваат Обединетите нации. Согласно јавно достапните електронски податоци од Обединетите нации кои се собираат преку нивните надлежни агенции, Македонија е карактеризирана во земји кои немаат јасни ограничувања во однос на приемот на лица од други држави. На крајот дека ова е вистина, а владата неспособна, за жал, го кажуваат и бројките“, вели Николовски.