За да се разреши целата ситуацијата, односно да се работи на релаксација на односите, а не на нивна радикализација, Зоран Заев треба да предложи закон за амнестија за сите лица кои учествуваа во настаните на 27 април, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ кој гостуваше на АлсатМ телевизија.
-Да бев Зоран Заев ќе предложев закон за амнестија за сите лица кои учествуваа во настаните на 27 април и ќе им простев. Факт е дека се случи насилство, проблемот е што не се гонат луѓе кои извршиле насилство зошто за нив има и пресуди, туку се претпоставува дека имало организирање – вели Николоски.
Според него одлуките во Јавното обвинителство и во судот се носат под притисок на власта на Заев, што е, вели, е видливо во сличноста со нивните партиски соопштенија.
-Работата на еден политичар особено ако е лидер, а премиер е лидер на една држава е да се става над ситуација, да ја гледа ситуацијата од горе, и да се обидува состојбите во сопствената држава да ги релаксира, а не радикализира. Се претера во одмаздата на СДСМ, не може луѓето да ги обвинувате за тероризам. Ако сакаме да имаме помирување во оваа држава и политичко и етничко, а факт е дека има голема поларизација, чекори мора да прават тие кои се дел од тоа, за да имаме помирувње чекорот мора да е направен од СДСМ за да значи помирување во државата – заклучува Николоски.