Француските власти соопштиле дека девојката на исламскиот екстремист Редуан Лакдим, кој го извел нападот на супермаркетот на југот на Франција и убил четири лица, е радикална исламистка и дека во текот на апсењето извикувала “Алаху Акбар”.

Францускиот обвинител Франсоа Молин рекол дека 18-годишната девојка “ги покажува сите знаци на радикализација”. Таа била приведена неколку часа откако Лакдим во петокот извел напад на супермаркет во градот Треба, при што полицијата го усмртила.

Молин во текот на конференцијата за новинари навел дека жената пред инспекторите негирала дека е “известена или поврзана со смртоносниот проект на нејзиното момче”. Меѓутоа, како што додал, девојката на интернет поставила еден цитат од Куранот кој “укажал дека неверниците се ветени за пеколот”, само неколку часа пред нападот.

Во нападот меѓу загинатите е и полицаецот Арно Белтрам, кој го изгубил животот откако доброволно се пријавил да замени заложници. Француското министерство за внатрешни работи го идентификувало напаѓачот како 26-годишниот Редуан Лакдим, со потекло од Мароко, кој се сметал за радикализиран и бил под полициски надзор.

Тој бил убиен од полицијата откако Белтрам на колегите полицајци им помогнал да влезат во супермаркетот.