Доналд Трамп порача дека ќе се „пресмета“ со земјите членки на НАТО Алијансата кои што не издвојуваат 2% од својот БДП за одбраната, а посебно од сите земји ја истакна Германија.

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека ќе се пресмета со земјите на НАТО Алијансата кои што, според него, не ги исполнуваат своите финансиски обврски.

Притоа, Доналд Трамп посебно ја истакна Германија, односно одолговлекувањето на официјален Берлин во врска со зголемувањето на одбранбениот буџет на земјата, нешто на што се чека со години.

Секако, Доналд Трамп врши притисок на земјите членки на НАТО Алијансата да започнат да ги издвојуваат договорените 2% од својот БДП за своите армии, а од тоа јасно е дека најголема корист ќе има воената индустрија на Соединетите Американски Држави како најголем извозник на оружје за земјите од Алијансата.

Доналд Трамп за време на состанокот со првиот човек на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг јасно порача дека ќе се „пресмета“ со земјите кои што нема да го почитуваат договореното.

„Имаме некои земји кои што не придонесуваат доволно за одбраната на НАТО Алијансата. Со нив ќе се пресметаме. Германија е една од земјите кои што не издвојуваат доволно, а има многу голема корист. Германија мора тоа да го адресира“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.