Новото “Oсвежено ВМРО” со старите кадри на Груевски

133
Новото

Тимчо Муцунски, кандидат за пратеник од листите на ВМРО ДПМНЕ дава изјава дека понудиле свежи, нови луѓе, на листите на предстојните парламентарни избори.
Но, како што го служи паметот македонскиот народ и koj има свежа, а не бајата меморија, истово ова, така наречено лице од “свежите кадри” високо позициониран во ИЕ 1(втор) беше заменик министер во МИОА во Владата предводена од Никола Груевски и еден од неговите најблиски соработници.
Освежениов кадар на Мицкоски(стечајниот на ВМРО) изгледа си поигрува со меморијата на гласачкото тело и сака под превезот на нови кадри да си ги позиционира “Грујовите миленичиња”.
Но, се немаше да биде толку интересно ако не се знае чиј син е Тимчo и како тој влегува во политика.
Имено, неговиот татко Звонко Муцунски, Амбасадор на Македонија во Турција, долги години го уживаше епитетот на неформален советник во Бучковски и тоа во време на најтешките опозициски години на ВМРО ДПМНЕ. Согледувајќи ги новите политичко-опшествени околности, младиот Муцунски станува член на партијата во 2011та година и многу брзо напредува до Заменик Министер во МИОА, а подоцна и до високи партиски функции, за на предстојните избори да стане кандидат за пратеник во ИЕ1 (втор на листа)
Сублимирано, новата понуда на ВМРО ДПМНЕ е компилација од поранешни кадри на СДСМ и актуелни миленици на Груевски.